Две силни експлозии од бомбаш-самоубиец во Анкара, над 50 мртви и ранети

0
295

Десетици луѓе се убиени и ранети во две силни експлозии во турскиот главен град, Анкара. Експлозиите ги предизвикал терористички напад на бомбаш-самоубиец, тврди турски владин претставник.Според локалните медиуми, експлозиите се случиле близу железничката станица во Анкара, најпосетената во Турција, во која возат 181 воз на ден. Неколку амбулантни возила се на местото.

Во експлозиите се убиени над 20 луѓе, според полицијата и болничарите.

Репортерот на Ројтерс од местото видел најмалку 15 тела, како и крв и делови од тела расфрлани на сцената на трагедијата.

Вкупниот број на жртвите, вклучувајќи ги и мртвите и ранетите, е над 50, а веројатно ќе биде и поголем.

Без коментари

LEAVE A REPLY