Две сообраќајки во Битола, еден тешко повреден, еден во кома

0
1895

На 13.03.2016 година во 21.50 часот во Битола на крстосницата од ул. „Македонски Гемиџии“ и ул. „Даме Груев“, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Фолксваген Поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М. (55) од Битола, удрило во пешакот Љ.М. (55) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Љ.М., на кој му е укажана лекарска помош во КБ-Битола и истиот е во кома. Увид извршила екипа од ПС за БПС-Битола.

На 13.03.2016 година во 09.40 часот во Битола на ул. „Скоевска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Застава 750“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Џ. (31) од Битола, и ПМВ „Даеву Тико“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.А. (75) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Џ., кој е задржан на лекување во КБ-Битола,  а со телесни повреди се здобил К.А. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY