Двете нови возни линии не од јуни, туку од септември

0
1538

„ Од први јуни ќе стартуваат уште две нови линии на релација Скопје-Битола и обратно. Со овие две, бројот на возови кои ќе сообраќаат помеѓу двата најголеми македонски градови ќе изнесува 14, од двата града по 7“.

Вака известуваа медиумите. А денеска информацијата ја проверивме во Македонски железници, дали од утре ќе тргнат нови два воза.

Од таму за Тера рекоа дека новите два пара воза сепак нема да тргнат од утре иако така првично се планирало. Објаснувањето е дека уште некои работи треба да бидат дозавршени на оваа железничка линија, а потоа да се стават и новите два воза. Така ќе биде летово со постојните пет воза. Од септември со стартот на школската година и бројот на возови ќе го зголемеле, ни рекоа од Македонски железници.

Засега остануават четирите како и досега и тој дополнителниот што одеше пробно доцна навечер од Битола околу 21:00 часот. И тој сега станува редовен во сообралајот на релцијата Битола-Скопје.

Како деловен е тој и утринскиот нешто после 5 часот, останатите се старите композиции патнички со кои за три и пол часа се стигнува до Скопје.

Ако одите со двата деловни патувањето е покусо за 45 минути.