Двојазичноста од Скопје се префрли во општинскиот Совет

0
465

Советниците на денешната седница од власта и од опозицијата се скараа и за двојазичноста. Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Хаџиевски, селата и улиците во Битолско, од говорницата, по како што рече примерот на СДСМ од Скопје ги изговараше на македонски и на албански јазик. Тоа предизвика реакции кај повеќето советници.

-Крајно невкусно е да се почнува со националистички примеси во делот на предизборната кампања, рече Томе Наумов, советник од СДСМ