Двојно убиство во Париз, ИД ја презеде одговорноста

0
316

Маж во Париз убил полицаец, а членовите на неговото семејство ги земал како заложници. При акцијата, полицијата го убила напаѓачот, детето е спасено, а мајката ја пронашле мртва.

Во полициската акција убиен е и еден полицаец.

Исламска држава тврди дека полицаецот и неговата жена ги убил нив приврзаник, „војник на калифатот“.

Мажот кој е идентификуван како 25-годишниот Лароси Абала му нанел на полицаецот девет убодни рани во стомакот.

Како што наведува француската полиција, напаѓачот бил сосед на семејството.

Полицијата претходно се обидела да преговара со Абала, по што упаднала во куќата и го убила. Претходно напаѓачот на „Твитер“ напишал дека ја убил мајката на детето.

Абала во 2013 година е осуден поради поврзаност со џихадистичка организација која оперира помеѓу Франција и Пакистан. Тој бил осуден на три години затвор, од кои шест месеци на условно за „заговор и здружување за извршување терористички напад“.