Е-отпадот штетен и за човекот и за природата

0
915

Рециклирај и рестартирај! Сега е вистинскиот Еко момент! Под ова мото, компаниите Екоцентар 97 и Елколект на плоштадот Магнолија во Битола викендов организира акција за собирање електричен и електронски отпад. Спроведувањето на оваа акција која започна од Битола е од огромна важност поради подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи во предвид дека електричниот и електронскиот отпад кај себе имаат опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво е да се фрла овој тип на отпад во контејнери.e-otpad 1

-Со цел да се обезбеди подигнување на јавната свест, но и со складирањето на овој отпад да се зачува и здравјето на човекот, но и на животната средина, изјави Снежана Бачевска Јосифовска, Екоцентар 97.elizabeta 

Со носењето на старите електрични апарати, компјутери, монитори, процесори, и сите апарати од домаќинството ќе имаат можност да се ослободат од опасниот отпад, но и ќе ја заштитат животната средина.

-Отпадот да заврши на вистинското место, со оглед на тоа што поголем дел од оваа опрема може да се рециклира, изјави Фана Христовска, Елколект.fana

Елколект ја сочинуваат 13 компании производители на електронска и електрична опрема, а се формирани минатата година.

-Поставивме корпи во продавниците на членките, каде со секое купување нова опрема, може да се остави старата, изјави Христовска.

Зачувувањето на природните ресурси и заштита на природната средина, се само дел од придобивките од рециклирањето на е-отпад.