Еден час по полноќ, локализиран пожарот на патот Битола-Ресен

0
951

Пожарот кој што синоќа во 21:25 часот изби на патот Битола-Ресен  кај клучката кај Ротино бил локализиран во 1 часот по полноќ .

Според информациите од ТППЕ во Битола горела нискостеблеста шума и сува трева меѓу стариот и новиот пат.

Во гасењето на пожарот биле вклучени три против пожарни возила и 10 пожарникари.

Од полиција велат дека поради пожарот немало пренасочување на сообраќајот, бидејќи истиот не претставувал опасност.