Еден човек е повреден на протестот на „Шарената револуција“

0
562

Еден човек синоќа при протестите на „Шарената револуција“ падна од скелето обидувајќи се да го симне платното од споменикот на Прометеј.

Тензии и турканици меѓу граѓаните и полицијата имаше кај споменикот. Тие во паркот Жена-борец се обидоа да го урнат споменикот на Прометеј. Прво го искинаа платното со кое што беше покриено скелето околу споменикот, а потоа се качија на врвот на скелето.

Беше обоено Министерството за правда и беа искршени прозорците. Обоено беше и Собранието.