Еден македонски државјанин повреден во нападите во Барселона

0
703

МНР извести дека во согласност со комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасада во Шпанија дошла до информација дека еден македонски државјанин во моментов се наоѓа во болница во Барселона.

Лицето во моментот на извршување на нападот се наоѓало во непосредна близина и се здобило со скршеница на зглобот на ногата. Лицето се наоѓа надвор од животна опасност и е третиран од страна на шпанските медицински служби.

Претставник од македонската амбасада во текот на ноќта се упати кон болницата каде што се наоѓа повредениот македонски државјанин.

http://makfax.com.mk

Без коментари