Еден милион штета во Охрид од земјотресите

0
547

11 од вкупно 854 објекти во Охрид се ризични за живеење и имаат претрпени најголеми штети од земјотресите. Комисијата за проценки ги поделила во три категории по степенот на оштетување, а заклучокот е дека 11 куќи најголем дел во Косел се ризични додека кај останатите се евидентирани помали оштетувања. Нивните сопственици ќе бидат обесштетени од државата, но исплатата за реконструкција ќе ја добијат дури после една година. Комисискиот елаборат потпишан од општина Охрид ќе патува до Владата која ќе треба да го усвои и на охриѓани во претстојната година да им префрли околу 1 милион евра.

„Штетите од земјотресот во Општина Охрид се од прва, втора и трета категорија и така ќе биде и исплаќањето од владата. Прва категорија се објекти кои се напукнати разрушени но се за живеење. Втората категорија исто од поголем обем оштетувања и третата категорија не се за живеење. Такви објекти комисијата регистрира околу единаесет “, вели Раде Велјаноски претседател на Општинска комисија за штети од непогоди.

Во делот на јавните објекти кај кои беа забележани оштетувања нема да има препреки во работата стои во проценките на Комисијата. Градинката која привремено беше затворена токму поради оштетувања  ќе стартува непречено со работа од 1 ви септември.
Во меѓувреме од ЦК потенцираат дека тлото веќе се смирило, а последиците се само стравот кај голем дел од граѓаните и оштетувањата по домовите кои бргу ќе се санираат. Опасност од нови тектонски поместувања нема.

„И опсерваторијата и ИЗИС се на мислење дека нашиот регион веќе оди на база на целосно смирување на тлото,  бидејќи тие 1.200-1.300  потреси се минато“, изјави Митко Темелковски, претседател на ЦУК.

Охрид  се тресеше повеќе од месец дена. Најсилниот земјотрес беше на 3 јули во 13 часот и 20 минути .Тогаш се  случија сите оштетувања во куќите, зградите и јавните објекти.Најкритично беше во Косел, епицентарот на сите 1300 земјотреси во охридскиот регион.

http://24vesti.com.mk