Еден од бриселските терористи работел како студент во зградата на ЕП

0
311

Европскиот парламент(ЕП) во среда потврди дека еден од бомбашите самоубијци кои ги изведоа терористичките напади во Брисел на 22 март, работел пред неколку години како студент во зградата на парламентот на работи околу чистењето.
„ЕП потврдува дека пред седум години еден од извршителите на бриселските терористички напади работел два месеца за една компанија за чистење со која тогаш ЕП склучи договор. Како студент, тој работел за време на летните празници на работи на чистење во ЕП еден месец во 2009 и еден месец во 2010 година“, се вели во изјавата на портпаролот на ЕП, но не се прецизира за кој бомбаш станува збор.

Во соопштението се додава дека оваа компанија доставила до ЕП потврда за неказнување.

Информацијата дека еден од напаѓачите некое време работел во зградата на ЕП се појави во среда во австриските медиуми. /крај/хн/ст