Еден поинаков 8-ми Март

0
1609

Утре е 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.
Подготовките се веќе одамна направени. Рестораните се резервирани, фризурите се направени, накитот е купен, туристичките аранжмани се пополнети, а цвеќињата се разбира и годинава се поскапени. Се е подготвено за славје.
Но, вообичаениот начин на кој го одбележуваме 8-ми Март, со претерување, во храна, пијалок, подароци… некако воопшто не се поистоветува со вистинската назнака за овој ден, како Меѓународен ден на жената. Напротив, ништо од она што го правиме за нашите дами, не говори за нивната женственост, нежност, пожтвуваност, сила, убавина и благост. Чудно, но почнавме да славиме ден на жената со нежествени методи.
Токму затоа, денес ден пред 8-ми Март, решивме да се потсетиме на една поинаква, поскромна, пософистицирана и далеку подрага прослава на овој ден.

„Во минатото прославата на овој ден се состоеше единствено од еден цвет, силни прегратки и скромна училишна приредба.“-вели Васка Радевска, наставник во пензија.

Според нашата соговорничка сеќавањата на некогашните прослави за 8-ми Март, и вредат повеќе од се.

„Се случи цвеќето на едно девојче да се скрши и таа се срамеше да ми го даде.Тоа цвеќе беше најубавото што го добив тој ден.“ -вели Васка Радевска, наставник во пензија.

Како гледаат минатите генерации на сензибилитетот со кој денес се прославува овој ден.

„Прославата на овој ден е претерување. Во сите тие забави се губи смислата на историскиот датум 8-ми Март.“-вели Васка Радевска, наставник во пензија.

Ако нешто можеме да научиме од нашата соговорничка, тоа е дека, 8-ми Март е дена на емоции и гордост, а тие не се слават со предмети и куртоазија. Одбележете го овој ден, достоинствено и нека вашите гестови кон најмилите дами во вашиот живот, за овој дена нека бидат рамни со вашите емоции кон нив. Само тогаш ќе ја достигнат скапоценоста која ја посакувате.