Еден поинаков Марш на боговите на Викторија Арсовска

0
339

Маршот на боговите е насловот на колекцијата на младата дизајнерка Викторија Арсовска прикажана на есенското издание на Модниот викенд-Скопје . Колекција која го прикажува статусот на жената во времето на француската револуција и нивната борба за права и еднаквост.
Во Маршот на боговите, презентирана е женственост и сексипил преку кроевите инспирирани од машки униформи и преку машката грубост на посебно избрани материјали.
Колекцијата брои 12 аутфити.

Ова е прво самостојно претставување на Модниот викенд во Скопје на Викторија, вистински предизвик за да се креира за жената во минатото, приказ на храбар чекор на понежниот пол, претставени и како дами и бунтовнички истовремено.

На сите посетители Арсовска им приреди еден поинаков Марш на боговите што  претставува понатамошен поттик за развивање на модната гранка.

Викторија Арсовска има свое сопствено модно студио во Скопје, има учествувано со модни презентации на Денови на претприемништво, Модна недела 2010 групна ревија на студентите на Фон Универзитет со колекција Кабаре, Аларм фестивал со групна ревија од рециклиран материјал,  костимографија на претставата „Жени без маж и ништо повеќе“ во режија на Софија Ристевска -Интимен театар . Соработка имала остварено до сега со естрадните уметници, Влатко Лозановски, Тамара Тодевска, Наташа Малинкова, долгогодишен соработник е на Тера телевизија.