Еден полицаец убиен, друг ранет во престрелка на Шанзелизе

Еден полицаец убиен, друг ранет во престрелка на Шанзелизе

На познатата француска авенија Шанзелизе вечерва имаше пукање во кое загина еден полицаец а друг беше ранет. Напаѓачот беше убиен но се чини дека имало и втор напаѓач, објави француското биро на агенцијата Ројтерс.

Париската префектура им советува на жителите и туристите да не одат во овој дел од градот.

Франција во недела го бира својот нов претседател. Тероризмот е една од главните теми на овие избори, особено по нападите во Париз и Ница за кои одговорност презеде терористичката организација Исламска држава.

Според портпарол на министерството за внатрешни работи, пукањето не е поврзано со кражба како што претходно беше јавено. Напаѓачот или напаѓачите намерно пукале на полициска кола.

Коментарите се затворени.