Еден приведен, а пет полицајци повредени во Скопје

0
398

Најмалку петмина полицaјци се повредени, а еден демонстрант е приведен, по протестите во четврток, што се одржаа во Скопје, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и нивни соработници.

Демонстрантите  се судрија со полицијата кај полициската станица „Беко“, во центарот на градот, а потоа продолжија пред Собрание, каде се оддржаа говори на активисти каде уште еднаш беа повторени барањата за отовикување на одлуката на Иванов за аболиција на политичарите и негова оставка, одлагање на изборите, и формирање техничка влада која ќе спроведе реформи и подготовка на државата за фер и кредибилни избори.

Демонстрантите тргнаа кон зградата на владејачката партија, но беа спречени од полицискиот кордон, а дел од нив фрлаа со јајца, чадни бомби и боја.

Протестот е огранизиран од  85 граѓански здруженија и започна во 18 часот пред Собранието.

Организаторите, во своите обраќања повикаа на мирен протест и се оградија од одговорност за постапките на поединци. Протетстот траеше повеќе од четири часа.

Од вкупно 13 приведени од завчерашниот протест, двајца заработија кривични пријави, а останатите 11 се пуштени со прекршочна пријава.

За денеска се најавени протести во исто време и тоа со поголем интензитет, поддржани и од опозициските партии, поради најавентата одлука на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, да ги распише предвремените парламентарни избори на 5 јуни./крај/мф

Без коментари

LEAVE A REPLY