Еден уапсен за убиството на заменик директорот на УЈП во Струга

0
398

Полицијата приведе едно осомничено лице за убиството на заменик директорот на УЈП, Аргетим Асани кој денеска беше смртно застрелан во Струга.

Приведено е машко лице на возраст до 30 години, и е префрлен на распит во полициската станица во Охрид.

Според неофицијални информации, приведениот не го негирал убиството. Според податоците на МВР, пак, убиството се случило во центарот на Струга, а во Асани е пукано од автомобил Голф кој бил во движење, а е застрелан со најмалку 5 куршуми.

„Нешто пред 13 часот на улицата Маркс и Енгелс во Струга пукано е врз жител на Струга роден 1973 година. Кон него е пукано од возило во движење марка Голф со црна боја и струшки регистарски таблички. Убиството е извршено со пиштол, а полицијата приведе еден осомничен на возраст до 30 години. Се работи на откривање на мотивите  за убиството. Идентитетот  на осомничениот не го соопштуваме“, велат од СВР Охрид.

Кога Асани пристигнал во струшката болница, лекарите можеле да констатираат само смрт.

Од ДУИ, на чиј предлог Асани станал функционер во УЈП, го осудија насилството. За 24 Вести тврдат дека за денешниот инцидент не се работи за внатрепартиска престрелка, бидејќи заменик директорот на УЈП не е нивен член.

„Убиството во Струга не е внатрепартиска престрелка во ДУИ. Асани не е ниту член, ниту функционер на ДУИ, ниту пак дел е од партиските структури. Тој е член на Нова Демократија и стана заменик директор како дел од коалицијата со нив“, велат од ДУИ.

Асани иако ДУИ тврди дека не е дел од нивните структутри, на јавноста и е познат по последниот инцидент во струшкиот огранок на ДУИ, меѓу приврзаниците на Рамиз Мерко и Арбен Лабеништа, при што тој заврши во болница со повреда од удар од мобилен телефон во главата.

По инцидентот следуваше изборот на Мерко за претседател на струшкиот огранок на партијата и оставката на Арбен Лабеништа од сите партиски и државни функции.

Освен директор во УЈП, Асани важи и за познат бизнисмен од струшко, како и член во Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.

Без коментари

LEAVE A REPLY