Еден убиен, а дванаесет луѓе ранети во Тел Авив

0
440

Американски турист е убиен во нападот со нож, извршен во јужното предградие на Тел Авив, Џафа, претходно вечерва, пренесува БТА.

Повеќе детали за жртвата не се објавени. Во нападот 12 лица се повредени, при што некои се во тешка состојба.

Напаѓачот бил Палестинец и бил ликвидиран од силите на редот.

Тој ги нападнал луѓето во пристанишната зона на Џафа и на крајбрежниот булевар, на околу 15 минути од местото на кое се одржува средбата на американскиот потпретседател Џо Бајден со израелскиот претседател Шимон Перес.