Еден убиен и двајца ранети полицајци во Лазарат

0
182

Во Лазарат, селото на дрогата во Албанија,  организирана криминална група уби еден претставник на специјалната полиција РЕНЕА, додека двајца други полицајци се тешко ранети.

Медиумите кои изветуваат од местото на настанот вооружената пресметка ја оценуваат како вистинска војна. Вооружениот инцидент се случил во средата кога поради контроли во селото од снајпер било пукано на полициската контрола.

Од средата попладне селото е под опсада од страна над 400 полициајци соопшти албанското МВР.

Според истиот извор убиството е дело на криминални групи, а албанските медиуми јавуваат дека терористичкиот напад е извршен на криминалци за кои има сомнежи дека имаат врска и со ИСИС.

Тие поседуваат силно современо оружје. Од вкупно 21 лице кои ги бара полицијата во утринските часови во четвртокот сами се предадени 12 лица, дел од кои изјавиле дека не се членови на бандата и покрај тоа што биле во списокот.

Во селото каде што по доаѓањето на власт на актуелната колиција предводена од Социјалистите на Еди Рама,  беше извршена пресметка со производителите на дрогата и најголемиот дел на засадените и сокриените  наркотични билки – марихуана беа уништени.