Еден убиен во оружен инцидент на концерт во Њујорк

0
330

Еден човек е убиен, а тројца се ранети во оружен инцидент во концертна сала во Њујорк, каде што требало да настапи хип-хоп музичарот Т.И., соопшти полицијата.
Пукотниците се слушнале во среда вечер околу 22:15 часот во Ирвинг плаза, во близина на Јунион сквер на Менхетен.

Полицијата соопшти дека 34 годишен маж бил погоден во градите, а 33 годишен човек во мевот. Еден од нив,полицијата не наведе кој, починал подоцна во болница.

Уште една 26 годишна жена е ранета во ногата, а состојбата на четвртиот повреден не е позната, иако полицијата вели дека тоа лице самото дошло во болница.

Еден од гостите на концертот изјави дека раперот Клифорд Џозеф Харис, чие уметничко име е Т.И., требало да настапи околу 21 часот, но дека воопшто не се појавил и не бил на сцената кога се случил инцидентот.

Полицијата засега нема приведено никого.

Салата Ирвинг плаза има капацитет од 1.000 луѓе. /крај/бл/ст