Еден во притвор за кражбите низ старата чаршија во Битола

0
1558

СВР Битола до Основното јавно обвинителство во Битола поднесе две кривични пријави против Р.М.(44), Д.Е.(18), С.Е.(21) сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени 19 кривични дела „Тешка кражба“.
Пријавените во  јануари- февруари оваа година, во централното градско подрачје во Битола, во старата чаршија, со намера да присвојат туѓ подвижен предмет и за себе да остварат противправна имотна корист, со употреба на физичка сила и користејќи погодни алати, кој ги користеле за влегување во дуќани, колонијални продавници, ќебапчилници, продавници за облека, продавници за бела техника, цвеќари, берберски дуќани, одземале предмети и пари, со што предизвикале вкупна материјална штета  од 158.500 денари.
СВР Битола со превземање на мерки и активности првопријавениот  Р.М. го лиши од слобода и моментално истиот се наоѓа во притвор во Затвор Битола.