Еден загинат, 47 повредени во напад на турска воена база

0
261

Турската војска соопшти дека бројот на повредени во нападот со автомобил-бомба во воената база се искачил на 47, вклучувајќи и осум цивили. Еден војник беше убиен во синоќешниот напад, пренесуваат светските медиуми.

Војската ги обвини милитантите поврзани со Курдистанската работничка партија ПКК за активирање на  автомобилот-бомба во близина на станицата и воените конаци во градот Хани во провинцијата Дијарбакир доцна во понеделникот. Во соопштение денес наутро војската ја објави точната бројка на повредени, а во првичниот извештај беа 25.