Еден загинат и еден тешко повреден во сообраќајка, најдени биле следниот ден

0
714

Млад прилепчанец загинал, а неговиот сопатник е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот вечерта помеѓу 21 и 22 часот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод.

Автомобилот „ауди А4“, телото на починатиот и повредениот биле пријавени и најдени дури следниот ден.

Сообраќајката била пријавена во полиција во вторникот наутро во 6.15 часот. Било пријавено дека автомобил излетал од коловозот и застанал во канал со вода, а до него имало починато лице.

Полицијата отишла на лице место и од разговорот со педесет и едногодишниот сопатник констатирала дека сообраќајката се случила во понеделникот вечерта и дека со автомобилот управувал триесет и четиригодишниот прилепчанец, кој починал на лице место.

Сопатникот со тешки телесни повреди бил пренесен во Општа болница Прилеп
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп./крај/мф