Еден загинат и петмина повредени од кои три малолетни лица во сообраќајката на патот Битола- Прилеп

0
4303

Во вечерашната сообраќајка која се случи на патот Битола-Прилеп и во која загина едно лице, учествувале две возила марка Голф, едното со битолски, а другото со прилепски регистарски ознаки.

Починатото лице е од село Граешница, возач на голфот со битолски регистарски ознаки, а во него се наоѓале уште четири лица ( три малолетни и едно полнолетно) кои се повредени и пренесени на клиниката во Битола.

Возачот на голфот со прилепски регистарски ознаки е пренесен на одделението за интензивна нега на клиниката во Битола, соопшти портпароот на СВР Битола.