Еден загинат при несреќа во рудникот „Бановиќи“

0
377

Еден рудар загина откако при несреќа останал заробен во една од јамите на рудникот за јаглен „Бановиќи“ во Босна и Херцеговина.

Како што соопшти портпаролот на полицијата во Тузла, Изудин Шариќ, загинатиот е 41-годишен жител на Бановиќи.

Несреќата се случила откако се урнал еден од носечките столбови во јамата.