Еден загинат во пожар во прилепско Ерековци

0
964

Едно лице загина во пожар на куќа во прилепското село Ерековци. Според надлежните од Прилепската противпожарна едница, денеска во 12.34 часот добиле повик за пожар во куќа во селото Ерековци. Интервенирале со две возила и пет пожарникари за да го изгаснат пожарот во дневна соба во куќата во селото.

Според дежурниот командир во Прилепската противпожарна единица станува збор за 76-годишниот Д.Н. кој бил слабо подвижен. Неговиот син два часа пред да избувне пожарот бил излезен надвор од куќата.

Лекарите од Службата за итна медицинска помош ја констатирале смртта, а увид на местото на пожарот направиле екипи од прилепската полиција и од Основното јавно обвинителство за да се утвдат причините за пожарот и за смртта на Д.Н.