Еден загинат во сообраќајка на патот Кичево-Демир Хисар

0
335

Мендо Г. (1973) од прилепското село Воѓани утрово загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на патот Демир Хисар-Кичево.

Сообраќајката се случила во близина на каменоломот на „Трансмет“ во местото Зли Дол при судир на комбе „цитроен џамбо“ со прилепски таблици управувано од Мендо Г. и товарно моторно возило камион со приколка со битолски таблици кое било паркирано на патот.

Без коментари

LEAVE A REPLY