Еден застрелан на протестите против Трамп во Портланд

0
283

Едно лице е застрелано во саботата во текот на протестите во Портланд против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека тоа лице е застрелано на мостот „Морисон“, по кој маршираа демонстрантите.

„Сите веднаш мора да ја напуштат таа област“, порача полицијата на Twitter, повикувајќи ги очевидците да се јават. Исто така, соопшти дека за пукањето е осомничен маж Афроамериканец, во доцните тинејџерски години.

Протестите против изборот на Доналд Трамп за нов американски претседател продолжуваат трета ноќ по ред во неколку американски градови. Со паѓањето на вечерта, на улиците на Мајами, Атланта, Филаделфија, Њујорк, Сан Франциско, Портланд и Орегон излегоа илјадници демонстранти, кои протестираат против конзервативната реторика на Трамп во текот на кампањата за доселениците, муслиманите и жените.

Трамп во четвртокот ги осуди оние кои протестираат против него нарекувајќи ги „професионални демонстранти, поттикнати од медиуми“. Но само по девет часа ја пофали страста на демонстрантите кон САД и вети дека ќе ја обедини поделената земја.

„Ми се допаѓа тоа што малите групи минатата ноќ ја изразија страста кон нашата голема земја. Сите ќе се обединиме и ќе бидеме горди“, порача републиканскиот победник на изборите Доналд Трамп.

Демонстрантите против Трамп велат дека се загрижени оти во текот на неговиот претседателски мандат, кој започнува на 20-ти јануари 2017 година, ќе бидат нарушувани граѓанските и човековите права на Американците./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY