Еден живот,еден пат-прв албум на Тајфата

0
197

Македонската група Тајфата, во која членува Никола Јанов попознат како Коки, го промовираа нивниот прв албум кој го носи насловот„Еден живот, еден пат”.Текстовите се на веќе проверени и докажани текстописци како Венко Серафимов, Дејан Георѓиевски-Ѕене, Весна Малинова, Љупчо Трајковски-Фис и Огнен Неделковски. За музиката беа задолжени Дејан Георѓиевски-Ѕене и Венко Серафимовски, а аранжманите се комплетно на Дејан Георѓиевски-Ѕене.За дизајнот на обвивката на цедето, фотографиите и другите уметнички ефекти беше задолжен Чедо Поповски.По повод првиот албум на „Тајфата”, снимен е и документарен филм кој го изработи „Томато продукција”.Членовите се надеваат дека со овој албум и пристапот што го имаа од неговото создавање па се’ до неговата промоција, ќе успеат да се етаблираат како група која поставува нови и повисоки стандарди во македонската музика. Ги радуваат реакциите на луѓе кои ги слушнаа песните на албумот, што им дава надеж дека се на вистинскиот пат. Се’ што прават, како што истакнаа, го прават со огромна љубов кон музиката, па веруваат дека луѓето тоа ќе го препознаат.

Неда Маретиќ