Еди Рама повторно го утна дрес-кодот

0
1795

На албанскиот премиер Еди Рама веќе му стана навика на високи средби со ЕУ да доаѓа облечен како што не треба.

Откако пред два месеци се појави на средба со шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, облечен во тренерки, сега на самитот во Трст дојде во костум – но со дречливо бели патики.

Албанските медиуми не ги ни забележуваат ваквите модни екцеси на Рама, што значи дека не станува збор за инцидент околу дрес-кодот туку за стил надвор од политичките протоколи во светот. На средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, снимателот видливо се трудеше патиките да не влезат во кадарот.

http://makfax.com.mk

Без коментари