Единаесет загинати и осум исчезнати алпинисти по земјотресот во Малезија

0
194

Телата на единаесет алпинисти се пронајдени на највисокиот малезиски врв на планината Кинабалу, откако земјотресот до магнитуда од 6 степени по Рихтер предизвика одрони на земјиштето, известија локалните власти во саботата, додека спасувачките екипи трагаат по уште осум алпинисти.

Засега е познато дека меѓу загинатите е 12-годишно девојченце од Сингапур и 20-годишен локален малезиски водич. Другите девет тела сé уште не се идентификувани. Спасувачката операција е во тек, но ја отежнуваат лошите временски услови.

Вкупно 137 алпинисти, меѓу кои и неколкумина странци, безбедно се вратиле во базата по земјотресот од петокот, објави малезискиот министер за туризам Масади Манџун на Twitter.

Алпинистите од 16 земји останале заробени на Кинабалу, планина висока 4.095 метри на островот Борено, а меѓу нив се 117 Малезијци, 38 Сингапурци, четворица Холанѓани, тројца Британци, двајца Французи и двајца Австралијци, изјави шефот на локалната полиција Фархан Ли Абдулах. Има туристи и од Белгија, Тајланд, Филипини, Казахстан, Индија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Данска и Кина, додаде./крај/мф/сн

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax