Една година од нападите во Париз

0
247

Пред точно една година нападите во Париз на 13 ноември го шокираа светот. Вооружени лица и бомбаши-самоубијци извршија масакр во срцето на францускиот главен град во серија координирани напади врз посетителите на концертна сала, стадион, ресторани и барови.

Францускиот претседател Франсоа Оланд отвори споменик за жртвите на нападите во Париз од 13 ноември 2015 година, пренесе Франс прес.

На првата комеморативна церемонија Оланд отвори Меморијална плоча на Стад де Франс во северниот дел на Париз. Таму пред една година тројца терористи се саморазнесоа и убија еден човек. Тоа беше првата од серијата координирани напади во Париз, во кои загинаа вкупно 130 лица. Плочата е поставена на влезот Д на стадионот. Таа е во меморија на жртвата Мануел Дијаз.

Присутните на церемонијата имаа едноминутен молк, поставија венец и цвеќе пред плочата. После синот на жртвата – Мишел Дијаз даде изјава во која повика на толеранција и разум. Тој потсети дека неговиот татко, кој е роден во Португалија, е доказ дека интеграцијата во друго општество е можна дека таа е неопходна за да се избегне стигматизацијата која турка некои млади кон насилството, дополнуваат американските медиуми.

Без коментари

LEAVE A REPLY