Една година од настаните во кумановско „Диво насеље“

0
618

Една година од немилите настани во кумановско „Диво насеље“. На деветти и десетти мај лани се случи вооружената пресметка во кумановско „Диво насеље“.

Во речиси непрекинатата 28 часовна акција, животот го загубија осум припаници на МВР, а четиринаесетина беа ранети.
Вчера припадници на посебната единица на полицијата „тигри“ и роднини тргнаа од Куманово преку Скопје се до тетовско на велосипеди , возеа во чест на загинатите колеги за да им оддадат почит.
Денеска на точно една година од престрелките во „Диво насеље“ денот ќе биде одбележан со активности и церемонии во нивна чест на кој покрај блиските и роднините на загинатите ќе присуствуваат и  делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од министерот Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанчо Савовски и високи полициски старешини заедно со командантите на Единицата за  брзо распоредување и Единицата за специјални задачи.