Една година од првиот број на списанието Магента

0
556

Пред точно една година, во Битола беше промовиран првиот број на списанието за култура и уметност Магента.

Уредници на списанието се Игор Трајковски Фоја и Илија Талев.

-Низ еволуцијата сме создале способност за комуникација, разбирање преку создавање на нијансите помеѓу црната и белата и така настана тоа сивило. Низ сето тоа патување од белата кон црната боја, во сето тоа сивило има моменти, микронски точки на Магента, па идејата за името е токму од овој лајт мотив, велат уредниците.

Во „Магента“ се обработуваат повеќе теми: љубов, култура, уметност, храна или воопшто теми за самото урбано живеење.

По повод една година псотоење, Магента излезе во тро број, односно наместо стандардните 40 страници, излезе во 80 и списанието беше посветено на Дејвид Боуви.