Една грабната, една исчезната, други пак ограбени

0
2763

Вчера битолчанец пријавил дека исчезнала неговата 15 годишна ќерка. Во извештајот на МВР стои дека на 22.08.2017 година во СВР-Битола Н.А.(47) пријавил дека истиот ден околу 08,00 часот од својот дом во непознат правец се одалечила неговата 15 годишна ќерка. СВР Битола превзема мерки за пронаоѓање на лицето.

Исто така вчера ресенчанец во полиција пријавил дека му ја грабнале 18 годишната керќа. На 22.08.2017 година во ПС-Ресен, Е.К.(49) пријавил дека околу 07,30 часот од семејниот дом во Ресен била грабната неговата ќерка Р.К. (18). Истата била грабната од страна на У.В. (20) од с.Поум-струшко, кој заедно со неговиот татко и уште неколку лица кои се превезувале во патничко возило “Фолксваген Голф“ управувано од Џ.Ф. (20) од с.Биџево и патничко возило “Фолксваген Голф 3“, дошле во домот на Е.К. каде насилно ја зеле Р.К. и заминале во непознат правец. Во врска со настанот, во ПС-Ресен бил приведен Џ.Ф., кој изјавил дека не знае каде се наоѓаат горенаведените лица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на Р.К. како и целосно расчистување на кривичното дело, соопшти полицијата.

Од полиција соопштуваат дека битолчанец вчеравечер останал без златото и пиштол. Во извештајот стои дека вчеравечер во 20.15 часот во битолската полиција Д.Г. (59) од Битола пријавил дека истиот ден во временскиот период од 6.45 -19.40 часот на ул.„Солунска” од страна на непознат сторител била извршена кражба во неговиот дом.

Без коментари