Една искра е доволна да се запали целиот Балкан

0
495

Една искра е доволна да се запали целиот Балкан, Груевски во интервју за српски Блиц говори за политичкиот живот во Македонија, односите со опозицијата, албанските партии и опасноста од Тиранската платформа.

-Зоран Заев ќе ја добие  подршката само ако ја отфрли тиранската платформа и јавно се изјасни дека нема да примени ниту еден елемент кои стои во документот. Но  тоа  тој не го прифати.  Ако дојде до Влада која би ја воделе Заев и албанските коалициски партии, тогаш Македонија  ќе стане бинационална држава со два официјални јазика.Останатите етнички заедници ќе бидат ставени во втор план. Постепено ќе почне процесот на кантонизација или федерализација со што ќе се разбие унитарноста на државата, ова во интервју за Српски Блиц го изјави претседателот на ВМРО ДОМНЕ Никола Груевски.

Тој дадава дека Албанците нема да се откажат од тоа банкнотите во земјава да бидат двојазични  како и униформите на безбедносните сили.  Ќе се дебатира и  за промена на грбот, химната знамето, вели Груевски во интервјуто.

Груевски посочува дека  и во самата тиранска платформа се бара осуда  за геноцидот над Албанците направен во периодот од 1912 до 1956 година.

-И Заев и коалицискиот партнер Зијадин Села сето ова го имаат повторено и од говорницата во Собранието . Паралное на тоа Села го негираше и постоењето  на македонскиот идентитет и макеоднскиот народ, вели Груевски.

На прашањето дали во Макеедонија е можно косовско сценарио и дали е ова чекор за Голема Албанија Груевски во интервјуто вели тие неклку пати ги осудиле коментарите на  Доде коалицискиот партнер на Еди Рама, креаторот на тиранската платформа и дека ќе се превземе се што е потребно за да се спречи остварувањето на големите националнистички идеи за формирање голема држава.

-Балканот е специфично подрачје. Тука се соединуваа многу религии и глобални интереси и за жал фрлањето жарче на една земја може да направи  проблеми и во другите држави. тензии има и во другите земји во регионот.  Би било наивно да се исклучи секое сценарио, но ние неа да дозволиме ситуацијата да ескалира, вели Груевски.

За активностите на СОРОС  претседателот на ВМРО ДПМНЕ вели дека во последните 20 години оваа организација го узурпирал целиот невладин сектор во Македонија и го стваил на расплагање на СДСМ. Сведоци сме дека првите луѓе на невладиниот сектор преку ноќ стануваат пратеници на  СДСМ.

На прашањето дали Груевски е симпатизер на Русија со оглед  на тоа што последне пат од Кремељ пристигнала подршка за предлогот за нови парламентарни избори Груевски одговорил дека за ова најдбро е да се праша Москва

-ВМРО ДПМНЕ е прозападно орјентирана партија и еден од нашите стратешки приоритети е членствотот во ЕУ и НАТО.  Не е неочекувано Русија да има интереси на Балканот и во Македонија. Но она што мене ме интересира се Макеоднија и нејзините граѓани, вели  Груевски за Блиц.