Една од најголемите ледени санти на сите времиња ќе се одвои од Антарктикот

0
923

Една од најголемите санти мраз кога било забележани е како „расклатен заб“ кој ќе се одвои од Антарктикот и ќе претставува голема опасност за пловењето, предупредуваат научниците.

Ледената плоча Ларсен Ц, голема колку американската сојузна држава Делавер или индонезискиот остров Бали, ја држат само уште 13 километри мраз откако се создала пукнатина долга 175 километри.

„Сите нѐ држи во неизвесност“, порача Ендрју Флеминг од Британскиот арктички надзор, истакнувајќи дека сантата личи на „расклатен заб“.

Ледените плочи се рамни површини мраз кои пловат на морето при крајот на ледениот брег. Ларсен Ц е дебела околу 200 метри, со 20-тина метри над површината на водата.

Долемите ледени санти природно се одвојуваат од Антарктикот, па научниците тоа не го поврзуваат со човечкото влијание врз климатските услови, но оваа ледена плоча е дел од Антарктичкиот Полуостров кој пребрзо се загреа во последните децении.

Експертите сметаат дека Ларсен Ц би можела да се одвои во следните денови или месеци, но тоа би можело да се случи и за неколку години.

Пет илјади квадратни километри големата санта би можела да претставува дополнителен ризик за бродовите кои пловат таму, особено кога ќе се искрши на помали делови. Таа област е надвор од главните трговски рути, но популарна е за крузерите кои пловат од Јужна Америка.

Најголемата санта мраз која досега се одвоила е 11 илјади квадратни километри големата плоча Рос, со големина на Јамајка, која се одвои во 2000 година и чии делови се задржаа со години.

 mkd.mk