Едни возеа, други не

0
969

Утрово домашниот патнички и товарен железнички сообраќај редуцира поради прекинот со работа на машинскиот персонал во Македонски железници . Од Битола за Скопје утрово тргнале двата воза, исто така и попладневниот ќе сообраќа, но немаат информација дали вечерниот воз ќе оди за Скопје.

Душко Чакаровски, претставник на Машинскиот персонал, зизјави дека неисполнувањето на работните обврски е во знак на протест од доцнењето на исплатата на платата и, како што тврди, нејзино селективно зголемување на дел од вработените. Преку протестот бараат исплата на вториот дел од априлската плата и плата за мај и изготвување правилник за вреднување на работните места.

Toj најави дека денеска ќе бидат пропуштени само возовите за Битола во 14:30 часот и за Гевгелија во 16:55 часот, како и меѓународните Белград-Скопје-Солун, како и Солун-Скопје-Белград.

– Доколку во меѓувреме не се постигне договор со раководството на компанијата и ресорното Министерство за транспорт и врски од утре ќе се пропушта само експресниот воз Белград-Скопје-Солун, изјави Чакаровски.

Тој вели дека зад прекинот на работата не стои синдикатот, туку претставници на целокупниот машински персонал.

Средба со Синдикатот на машинскиот персонал и генералниот директор на МЖ Транспорт денеска имал и новиот министер за транспорт и врски Горан Сугарески, кој најавил дека ќе се разгледаат законските можности за решавање на нивниот проблем, како и дека ќе се бара долгорочно решение за состојбите со македонскиот железнички сообраќај. Машинскиот персонал во МЖ Транспорт ад Скопје го сочинуваат 90 машиновозачи и околу 50 помошници.