Едно лице беше застрелано во Брисел откако нападна војници

0
290

Мажот кој беше застрелан во петокот вечерта откако со мачета нападна двајца војници во центарот на белгиската престолнина Брисел починал подоцна ноќта, соопшти белгиското сојузно обвинителство, додавајќи дека овој инцидент го смета како за обид за терористичко убиство.

Портпаролката на сојузното обвинителство на Белгија потврди дека мажот двапати извикнал „Алаху акбар“ (Господ е голем, на арапски јазик) во текот на нападот. Тоа го доведува во поврзаност со радикализам од исламистички позиции.

Војниците се полесно ранети во нападот, еден во лицето а другиот во раката.

„Врз основа на идентитетот засега знаеме дека станува збор за 30-годишен маж кој не е познат по терористички активности“, изјави портпаролката на обвинителството. Според јавниот сервис RTBF, станува збор за 30-годишен доселеник од Сомалија.

Без коментари