Едно лице приведено за напад на Тодоров

0
808

Едно лице е приведно во полициска станица откако пред Министерството за здравство физички го нападнало поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, велат од МВР.

Како што јавуваат медиумите лицето кое пукало во Тодоров е дедото на малата Тамара девојчето кое имаше искривен ‘рбет и кое почина чекајќи државата да и одобри операција во странство,

Дел од медиумите веќе објавија фотографија на лице од Велес на возраст од 57 години кое е приведено како осомничен за пукањето врз екс министерот Тодоров бидејќи пукал кон него, а некои објавија и фотографија на која се гледа пиштол фрлен на земја. Од МВР за ова велат дека кај нив настанот е пријавен како физички напад.

Според првичните информации, Тодоров на влегување на скалите кога пристигнувал за да ја предаде функцијата на новиот министер Таравари, се поздравувал со снимателите кои чекале да влезат внатре и тогаш напаѓачот извадил пиштол и пукал директно во него

Нема инфоромации каква е состојбата на Тодоров и каде се наоѓа. Неофицијално напаѓачот е уапсен. Во моментот пред Министерството за здравство има многу полиција која го обезбедува просторот.

Од МВР повеќе информации за настанот најавија во текот на денот.