Едно лице сè уште во престрелка со полицијата во предградието на Париз

0
517

Едно лице сè уште пука кон полицијата од станот кај кој беше извршена утринската акција на француската војска и полиција во париското предградие Сен Дени.

На жителите на Сен Дени им било кажано да останат дома.

Францускиот обвинител утрово соопшти дека пет лица се уапсени во акцијата.

Една жена во опсадениот стан е мртва откако активирала експлозивна направа. Тројца луѓе од станот се уапсени. Нивните идентитети во оваа фаза се непознати, пренесува Гардијан.

Уште двајца луѓе се уапсени одделно, мажи и жена, кои биле во близина на станот.

Станот каде што се одвивала акцијата се наоѓа неколку ката над основно училиште.

Без коментари

LEAVE A REPLY