Едно лице загина, неколкумина повредени во пукотницата во бар во Охајо

0
784

Едно лице е убиено, а неколкумина се повредени во пукотницата во  барот „Даблс“ во Хамилтон, во американската сојузна држава Охајо, информира  локалната полиција.

Како што се наведува во полициското соопштение, на лице место е констатирана смртта на еден маж, а неколкумина повредени се сместени во повеќе болници во околината, пренесе порталот Дејтон дејли њуз.

Полицијата не прецизира колку лица се погодени во пукотницата, како ни дали некој е уапсен заради пукањето.

Очевидец за порталот изјавил дека во барот слушнал најмалку 15 истрели. Пукањето се случило во два часот по полноќ по локално време. Во истиот бар и минатата година имаше пукање.