Едно лице загина во сообраќајка во Прилеп

0
948

Едно лице го загуби животот денеска во сообраќајна несреќа што се случила попладнето на патот Прилеп – Мажучиште, на излезот од градот кај Институтот за тутун.

Според Гордана Николовска Димеска, лекарка во Службата за итна помош во Прилеп, повик за интервенција добиле малку по 15 часот.

Увид на местото на несреќата каде што се судриле возило „лада самара“ и „мерцедес“ направија полицијата и јавен обвинител од прилепското Основно јавно обвинителство.

Според првичните информации од Службата за итна медицинска помош во сообраќајката животот го загуби 46-годишниот З.Ј. од селото Сарандиново, општина Долнени. Обдукцијата ќе треба да ги утврди причините за смртта.

Сообраќајот на патот Прилеп- Мажучиште беше во прекин околу еден час.