Едно прашање ги дели партиите од договор

0
429

Завршија маратонските преговори на претставниците на политичките партии во резиденцијата на Европската Унија во Пржино, но ниту денеска не е постигнат договор.

Како што изјави амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, договор не е постигнат само поради едно прашање, но ниту по инсистирањето на новинарите тој не откри за кое прашање станува збор. Неофицијално партиите не можат да се договорат околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи.

Орав во изјава по средбата рече дека направена е значајна работа, постигнат бил договор околу сите прашања освен за едно и изрази надеж дека преговорите за тоа прашање ќе продолжат што е можно поскоро.

Од она што е договорено, Владата ќе има мандат од 100 дена и би била функционална од август, доколку изборите бидат до крајот на годината.

Составот на ад-хок телото ќе го предложат партиите, 4 члена, додека петтиот член ќе биде избран по договор меѓу избраните. Тоа тело ќе санкционира и мониторира како ќе известуваат медиумите 100 дена пред изборите.

Во однос на избирачкиот список оние гласачи од спорните 40 000 што нема да се пријават на јавниот повик ќе бидат избришани. По барање на ДПА ќе има 5 дена плус за смопријавување, но ќе се скрати периодот за проверка и потврда од страна ан ДИК. Доколку некој по грешка биде избришан ќе се врати во списокот, ако на јавниот увид приложи докази.