Едно работно место државата ја чинело во просек од 11.000 евра

0
384

Над 225 милиони евра им биле дадени на 25 странски инвеститори, компании кои вработиле 20 илјади лица во изминатите 10 години додека власта ја управуваше ВМРО ДПМНЕ.

Ова денеска го изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски кој пред јавноста го соопшти сумираниот резултат по декласификацијата на договорите склучени во затворен круг и кои како што рече портпаролот биле затворени за јавноста и кои го игнорирале македонското стопанство.

Поранешната влада во просек потрошила по 11 000 евра по едно работно место. Бошњаковски истакна дека повеќето од овие вработувања не биле нови вработувања туку биле работници преземени од македонското стопанство.

Бошњаковски потенцираше дека не постоел документ со јасни критериуми за преговарање а преговорите ги вршеле министри, советници и промотори без никакви критериуми.

„Кога ги завршувале овие преговори Владата на Никола Груесвки ги класифицирала договорените работи односно ја обезбедувала тајноста на истите. Со тајните преговори некои од компаниите на странските инвеститори добивале повеќе а некои помалку“, рече Бошњаковски кој посочи дека сите овие договори се уште се во важност и дека новата Влада ќе ги исполни сите обврски и должности кон странските инвеститори.

Портпаролот информираше и дека претходната влада потрошила 26 милиони евра кеш во неповратни грантови.