Едномесечно бебе испрскано со солзавец на унгарската граница

0
1930

Во судирот меѓу унгарската полиција и бегалците, кој настана вчера на српско-унгарската граница, беше повредено едномесечно бебе.

Во немирите, бебето било испрскано со солзавец од полицијата, информираат од органицијата ,,Да ги заштитиме бебињата”.

“Вчера ова мало бебе од еден месец, исто така било испрскано со солзавец од страна на унгарската полиција! Нашите лекари му пружија помош… и денес сме таму! Се надеваме на помирен ден”, пишува на Фејбук страната на организацијата.

Полицијата со водени топови и солзавец ги спречувала мигрантите да влезат во земјата. Тие пак, враќаа со камења по полицајците.

Во толпата има и жени и деца, кои бегајќи од солзавецот и водените топови паѓаа и се онесвестуваа.