Едукативна средба на битолчани со специјалистите од Систина Офталмологија

0
1406

На плоштад Магнолија битолчани прашуваа специјалистите од Систина Офталмологија одговараа. Специјалистите имаа можност да ги разбијат сите дилеми и да им дадат одговор на прашањата на граѓаните поврзани со ласерската корекција на диоптрија, разни видови на болести на очите, како перде, кератоконус, болести од задниот сегмент на очите и друго.

-Драго ми е дека на денешното советување овде во Битола гледам голем број на пациенти кои што имаат прашања поврзани со здравјето на очите. Овде сме да ги разбиеме сите дилеми и да ги одговориме сите прашања поврзани со ласерската корекција на диоптрија, перде, кератоконус.Во нашата болница активно ги применуваме предностите на модерната медицина и трајно го решаваме проблемот кој го имаат граѓаните со очите, изјави Д-р.Сандра Гочева, специјалист офталмолог во Систина Офталмологија

Секој онај кој што го посети штандот на Систина Офталмологија можеше бесплатно да си провери очен притисок. Ја најавија и нивната летна акција за остранување на диоптријата со ласерската корекција.

-Систина Офталмологија, дел од групацијата „Свјетлост“ Загреб располага со најсовремена апаратура за остранување на диоптријата со ласерската корекција.Доверете ги вашите очи на нашиот искусен тим. Искористете ја летната акција и бидете еден од 100-те пациенти кои ќе ја остранат диоптријата со ласерската корекција за само 450 евра од око! Акцијата трае до 31.08.2017 година, изјави Марија Јанковиќ, Систина Офталмологија

Сметаат дека ваквиот начин на теренски активности и директен контакт со граѓаните придонесува да се зголеми свеста на граѓаните за грижа за здравјето на очите за да навремено се превенира. Вакви средби најавија дека ќе оджат во повеќе градови од Македонија.

Без коментари