Едукативни работилници, трибини и изложби на Мали херои

0
512

Поради големото измачување на животните кои се користат во исхраната, како што не информираат од Мали херои, се поголем број на луѓе се одлучуваат да го изостават месото од својата трпеза.

Поради тоа постојано се организираат настани и активности на кои се промовираат вегетаријански рецепти, но се врши и едукација за начинот на исхрана, се разбудува свеста кај граѓаните и слично.

Еден од тие настани во организација на здружението за заштита на животните и животната средина, Мали херои- Битола, а со наслов Ризница на вегетаријански вкусови, се одржа во магазата.

На овој настан му претходеше- Трибина за детската среќа, на кој им се долови на граѓаните преку совети од ветеринарен доктор и едукативна работилница, што значи дружењето на децата со милениците а на која имаше и интересна проекција со интересни доживувања од дружењето со животните.Во големиот број на настани на здружението Мали херои, спаѓа и изложбата на фотографии и цртежи, која беше презентирана вофоајето на Центарот за култура.

Битолското здружение Мали херои, кое работи активно од 2011 година, постојано организира голем број на настани,бројни трибини, работилници, работи на поле на подигнување на јавната свест за третманот на животните, се залагаат за почитување и правилно реализирање на Законот за заштита и благосостојба на животните, негово промовирање и покренување на иницијативи за негово дополнување или изменување се со цел гарантирање на правото на живот, како и заштита од малтретирање и секаков вид на нехумано однесување кон животните.