Едвард Сноуден си направи Твитер профил

0
254
Наводно, за време на интервју на StarTalk Radio со Нил деГрас Тајсон, на Сноуден му било поставено прашање зошто нема Твитер профил. „Ти фали профил на Твитер. Нешто како @Snowden, на пример? Дали тоа е нешто што би можел да го направиш?“, прашал Тајсон. „Звучи добро, мора да направам профил“, одговорил Сноуден. Биографијата на официјалниот @snowden профил вели: „Порано работев за владата. Сега работам за јавноста“, и доби околу 163 илјади следачи (бројката постојано расте) во првиот час од активирањето. Засега има само два твита – оригиналниот и втор во кој му се заблагодарува на Тајсон за пречекот и додава: „А сега имаме и вода на Марс! Мислите дека проверуваат пасоши на граница? Прашувам за пријател“. Моментално Сноуден следи само еден друг кориснички профил – оној на NSA.
Pixel.mk