Египетската телевизија прати на диета осум водителки

0
366

Египетската државна телевизија суспендираше осум свои водителки и им рекла дека мораат да бидат на диета, јави BBC.
Египетската радиотелевизија им даде рок на жените еден месец да ослабат пред да можат да се појават пред камерите во „примерно издание“.

Ваквата објава предизвика протест меѓу посочените водителки, а Египетскиот женски центар за правна помош ја осуди оваа мерка, тврдејќи дека се работи за „прекршување на уставот“ и дека тоа е облик на насилство кон жените.

И покрај критиките, извори во телевизијата тврдат дека одлуката нема да биде повлечена. /крај/хн/ст