Египетскиот авион најверојатно урнат во морето

0
844

Авионот на египетската воздухопловна компанија „EgyptAir“, кој со 66 патници и членови на екипажот летал на летот MS804 од Париз за Каиро, најверојатно се урнал во Средоземното Море, објави телевизијата AlMayadeen, повикувајќи се на извори во египетската влада.

Во министерството за воздухопловство на Египет истакнела дека авионот, судејќи според сé, се урнал на околу 280 километри од египетскиот брег. Официјална потврда за падот на авионот сé уште нема.

Порталот Flightradar24, кој е специјализиран за следење на авионски летово, покажува дека авионот исчезнал од радарите во четвртокот утрото над Средоземното Море и оти последен пат е регистриран над грчката престолнина Атина. Порталот AlWafd пишува дека авионот исчезнал од радарите 20 минути по влегувањето во воздушниот простор на Грција, и оти последен пат неговиот екипаж контактирал со воздухопловните служби десет минути пред исчезнувањето.

Контролата на летање на Египет добиле сигнал за проблеми со авионот во 4,26 часот, соопшти египетското министерство за цивилна авијација. Но екипажот не пријавил никакви технички проблеми пред или по полетувањето Париз.

Порталот Haaretz пишува дека жители на грчките острови изјавиле оти виделе „огнена трага на небото“. Според телевизијата SkyNews Arabi, во 2013 година, истиот авион од типот „Airbus A320“ имал принудно слетување поради технички проблем, а подоцна стручњаците откриле дека станувало збор за прегревање на моторите.

Исчезнатиот „Airbus A320“ бил произведен во 2003 година. Со него управувал искусен екипаж, капетанот на летот, на пример, имал 6.275 часови летање, од кои 2.101 час на истиот тип летало, додека копилотот имал 2.766 часови летање.

Според последните информации, во него имало 59 патници и 10 членови на екипажот. Египетското министерство за воздухопловство објави дека засега е потврдено дека имало 30 египетски, 15 француски и еден британски државјанин.

Други извор од египетското воздухопловство, за SkyNews Arabiа изјавил дека од Париз полетале 56 патници, меѓу кои три деца, и десетте членови на екипажот. Според овој извор, меѓу патниците имало државјани на Египет, Саудиска Арабија, Франција, Велика Британија, Португалија, Белгија, Канада, Кувајт, Судан, Чад, Алжир и Ирак.

Според нив, временските услови во областа каде што исчезнал авионот биле поволни.

На веста за исчезнувањето на авионот веднаш реагираше француската влада. Премиерот Мануел Валс изјави дека не можат да се исклучи ниедна од хипотезите за исчезнување на авионот над Средоземното Море.

Францускиот претседател Франсоа Оланд имал телефонски разговор со египетскиот колега Абдел Фатах ал-Сиси, при што било договорено „тесно да соработуваат“ во потрагата по исчезнатиот авион, соопшти Елисејската палата./крај/мф/сн